САД

Убедлива победа на Трамп во Ајова

16.01.2024 11:32

Поранешниот шеф на Белата куќа добива аргумент плус за тврдењата дека е единствениот што може да му се спротивстави на Бајден...

Трамп однесе убедлива победа на прелиминарните избори за претседателски кандидат на републиканците во Ајова. Поранешниот шеф на Белата куќа добива аргумент плус за тврдењата дека е единствениот што може да му се спротивстави на Бајден, кој најави дека ќе бара нов мандат.

Повеќе од 60 отсто од гласачите излегоа на гласање. Трамп освои 50,9 отсто од гласовите во Ајова, гувернерот на Флорида, Рон Десантис, го зазеде второто место, а поранешната амбасадорка на ОН, Ники Хејли беше трета, пред милионерот Вивек Рамасвами.