Белгија ги претстави приоритетите на претседавањето со Европската унија пред европратениците
Белгискиот премиер, Александар Де Кро ги претстави приоритетите на претседавањето со Европската унија пред европратениците. Најави дека проширувањето ќе остане еден од приоритетите, додавајќи дека блокот мора да биде подготвен да функционира со повеќе членки. Сепак, Кро порача дека копенхашките критериуми мора да се почитуваат...

Ако Европа сака да го има своето место во светот, тоа значи дека Европа треба да ги презема своите обврски кон своите соседи, како кон земјите од Западен Балкан смета белгискиот премиер Александер Де Кро, чие претседателство со ЕУ ќе продолжи со тековната работа во контекст на проширувањето на Унијата.
„Белгиското претседателство ќе направи напори за да ги поддржи земјите кандидати во нивните тежнеења да му се приклучат на европското семејство. Уште повеќе, ние треба да го преземеме нашиот дел од одговорноста на напорот за да се гарантира капацитетот на Европа за акција кога ние ќе преминеме од едно семејство со 27 на семејство со повеќе од 30 земји членки“, изјави белгискиот премиер Александер Де Кро.
За да го направи ова, белгиското претседателство ќе соработува со сите засегнати држави во согласност со постојната методологија, пристапот заснован на заслуги, и според напредок постигнат од секоја земја кандидат за ги исполнуваат критериумите за членство.
Задачата е колосална признава Де Кро, затоа белгиското претседателство сака да воспостави патен налог, рече тој, наведувајќи ги областите на кои особено ќе посвети во наредните шест месеци.
„Финансирањето на Унијата, идните политички приоритети адресирани на европско ниво, зацврстување на нашата европска демократија и подобра интеграција на правната држава во Унијата, за да на тој начин условите од Копенхаген не бидат само услови за зачленување во Унијата, туку и постојана обврска, бидејќи почитувањето на правната држава и демократијата не можат да бидат второстепен елемент на нашата Унија, туку треба да биде во срцето на нејзината концепција“, изјави Де Кро.
Проширувањето на Унијата мора да ја направи посилна. Затоа, белгиското претседателството е посветено на поддршка на земјите кандидати во нивните напори за влез во Унијата. Сепак европратениците во дебатата потсетија дека иако тие се залагаат за проширување на Унијата, едно е јасно нема проширување без продлабочување односно реформа на Унијата.
Тони Гламчевски
