Украинската војска го гранатираше Славјанск
Украинската војска го гранатираше центарот на Славјанск. За сега нема информации за загинати, но градот остана без струја, вода и отежнати телефонски комуникации. Користејќи го кусото примирје, жените и децата се евакуираа од Славјанск.
Некако сум изгубен. Матурирав и сега немам каде да го продолжам образованието. Се е бомбардирано, никој не знае што се случува. Велат дека наскоро ќе снема храна, изјави Игор, жител на Славјанск.

Киев ја продолжува операцијата на истокот иако новиот претседател Порошенко вети дека ќе воспостави мир во Доњецкиот и во Луганскиот регион.