Македонија

Со грант од Шпанија ќе се прави студија за поставување пловечки фотоволтаици

16.01.2024 12:31

Поставувањето на пловечки фотоволтаици ќе помогне во змејоделството за намалување на трошоците на струјата што ги има АД „Водостопанство“. Потпишан е договорот за подготовка на техничката документација. Проектот се реализира со грант од Шпанија во износ од над 700 илјади евра...

За да не се зголеми цената на водата, како услуга што се дава на земјоделците во план е поставување на пловечки фотоволтаици. Тоа треба да помогне за намалување на трошоците на струјата што ги има АД „Водостопанство“ за пумпните станици.

Потпишан е договорот за подготовка на техничката документација. Проектот се реализира со грант од Шпанија во износ од над 700 илјади евра.

Прво ќе се бараат локации за пловечките фотоволтаични постројки. Потоа ќе се работи на физибилити студијата, а во трета фаза би било поставувањето.

 

Ана Јосифоска Тодоровска