Македонија

Потпишан договор за отворање на првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи

16.01.2024 14:07

Центарот се формира со цел обезбедување услуги и сервиси на локално ниво за поефикасна реинтеграција на повратниците во матични земји фокусирајќи се на неколку клучни сегменти, социјална заштита, вработување, образование, здравствени услуги, правни совети и друго.

Во Општина Шуто Оризари потпишан е договор за финансирање за отворање на првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи.

Центарот се формира со цел обезбедување услуги и сервиси на локално ниво за поефикасна реинтеграција на повратниците во матични земји фокусирајќи се на неколку клучни сегменти, социјална заштита, вработување, образование, здравствени услуги, правни совети и друго.

Лоциран во општината Шуто Оризари, центарот ќе биде изграден како посебен модерен и современ, енергетски – ефикасен објект на површина од 310 м2 наменети за потребите на граѓаните на општината.

Започнувањето на градежните работи се очекуваат за две недели и да се очекува да траат седум месеци, при што официјалното отворање на Центарот е предвидено за втората половина на 2024 година.

Формирањето и изградбата на Ресурсен центар за повратници е дел од проектните активноста во рамките на регионалниот проект „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратните во земјите на Западен Балкан“ реализиран во неколку земји на Западен Балкан од страна на Програмата за развој на Обединетите нации, а финансиски поддржан од EU – DG NEAR.