Србија
Едно лице загина, четворица се повредени во експлозија во фабрика во Крушевац
16.01.2024 14:19
Министерството за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила утрово околу 9 часот за време на работниот процес, по што избувнал пожар кој е локализиран...

Едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви и пиротехнички средства во Крушевац, Србија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила утрово околу 9 часот за време на работниот процес, по што избувнал пожар кој е локализиран.
Ова не е прв несреќен случај во оваа фабрика. Во експлозија што се случи во фабриката во 2008-ма година беа повредени седум работници.
