Мирни избори на Косово
08.06.2014 17:58
Најавени се остри мерки против сите кои ќе го злоупотребат правото на глас...

На Косово се одржуваат предвремени парламентарни избори, први на целата територија, откако Белград го повика српското население да излезе и да гласа.
„Очекуваме подобри денови за српската заедница“, изјави Милица Јовичиќ, жителка на Косово.
Изборите се одвиваат мирно, но под засилено обезбедување. Најавени се остри мерки против сите кои ќе го злоупотребат правото на глас.
