Македонија со победа го заврши ЕП 2024
Македонската ракометна репрезентација со победа од 29-27 над Швајцарија го заврши настапот на Европското првенство во Германија, триумф кој има особено значење за патот до Светското првенство...

Македонската ракометна репрезентација со победа од 29-27 над Швајцарија го заврши настапот на Европското првенство во Германија, триумф кој има особено значење за патот до Светското првенство.
Ова е прва победа на ЕП 2024, откако нашите ракометари заслужено ја совладаа селекцијата на Швајцарија, која пак пред два дена ремизираше со Франција.
Вечерашната победа значи пласман на третата позиција во групата и носи едно од местата кои носат во првиот барабан за баражот за СП 2025.
Најдобар стрелец на мечот беше Енди Шмид со 11 погодоци. Во таборот на Македонија по пет пати погодија Марко Митев и Ненад Костески, додека голманот Мартин Томовски имаше 12 интервенции.