Иран

Иран нападна бази на милитанти во Пакистан

16.01.2024 21:10

Иран вечерва соопшти дека ги нападнал базите на милитантната група Џаиш ал Адл во Пакистан...

Иран вечерва соопшти дека ги нападнал базите на милитантната група Џаиш ал Адл во Пакистан. Државната новинска агенција ИРНА објави дека во нападот биле користени ракети и беспилотни летала.

Пакистан сè уште не се огласил. Џаиш ал-Адл е сунитска милитантна група која дејствува главно во Пакистан.