МВР

МВР: 152 санкционирани возачи во Скопје

17.01.2024 08:59

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола..

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.