МНР

Министерот за надворешни работи на Република Албанија во посета на Северна Македонија

17.01.2024 09:08

Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, денеска ќе престојува во прва официјална посета на Република Македонија.

Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, денеска ќе престојува во прва официјална посета на Република Македонија.

Хасани ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а како што најавија од МНР, ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот заменик на претседателот на Владата и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.