ЕУ

Презентација на резултати од иницијативи во рамки на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ

17.01.2024 09:22

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир и Методија Димовски, генерален секретар на Владата денеска во Скопје ќе го отворат Саемот за граѓанско општество за презентација на резултатите од 49 успешни иницијативи

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир и Методија Димовски, генерален секретар на Владата денеска во Скопје ќе го отворат Саемот за граѓанско општество за презентација на резултатите од 49 успешни иницијативи спроведени во рамките на механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (ЕУ МГО).

На настанот што ќе се одржи во салата на Филхармонијата, како што најавуваат од Делегацијата на ЕУ, ќе следи презентација на резултатите од овој механизам во форма на дигитална изложба и преку информативни материјали.

ЕУ МГО обезбедува поддршка за малите граѓански и локални организации со цел да се спроведат акции во корист на локалните заедници низ целата земја и да се зајакне отпорноста на граѓаните при чести општествени промени.

Во рамки на МГО поддршката, ЕУ додели 0,9 милиони евра за поддршка на 49 иницијативи на граѓанското општество спроведени во текот на 2023/2024 година. Иницијативите придонесоа за поинклузивно, праведно и зајакнато општество, позитивно влијаејќи на животот на локалните заедници, наведуваат од Делегацијата на ЕУ.