Македонија

Седница на Уставен суд, на дневен ред пет иницијативи за оценување на уставност и законитост

17.01.2024 09:29

Меѓу другите на седницата се и Реферат У.бр. 38/2023 за Одлука за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, а подносител на иницијативата е Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје...

Уставниот суд денеска ќе ја одржи втората седница на чиј дневен ред се предвидени пет иницијативи за оценување на уставност и законитост.

Меѓу другите на седницата се и Реферат У.бр. 38/2023 за Одлука за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, а подносител на иницијативата е Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, како и Реферат У.бр. 99/2023 за Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството. Доносител на актот е Министерство за економија, а подносител на иницијативата е Кренар Лога, соопштија од Уставен суд.

Во однос на иницијативата од Арсовска, како што стои во соопштението од Уставен сдум, од наводите, се наведува дека Одлуката е во спротивност со член 8, 51 и член 117 од Уставот, односно владеењето на правото, правна заштита на сопственоста и локалната самоуправа.

Одлуката е во спротивност со Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост, како и со Законот за локалната самоуправа. Според подносителката спорно е што просторот во сопственост на Град Скопје се дава под закуп по предлог на директорот и со одлука на установата, а бидејќи станува збор за недвижен имот сопственост на Град Скопје, одлука треба да донесе само сопственикот, односно советот на Градот Скопје, се наведува во инцијативата. Подносителката оспорува и член кој предвидува средствата по основ на закупнина да се уплатуваат на сметка на установата, бидејќи наведува дека тие средства остварени од закупот на стварите во општинска сопственост се приход на буџетот на Град Скопје, а не на установите и поради тоа е наведено дека овој член од Одлуката е во директна спротивност со член 7 од Законот за локална самоуправа, стои во соопштението, се наведува во соопштението.

За Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството,