НБА

Шампионски одговор на Мајами

09.06.2014 09:41

Мајами изедначи на 1:1 и го надигра противникот со +11 поени и тимски шут 60,4% додека Леброн беше на паркетот...

Како што и се очекуваше, Империјата го возврати ударот. Леброн Џејмс постигна 35 поени, со 10 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки, за победа (96:98) на Хит во вториот меч од НБА финалето против Сан Антонио. 2:0 за Спарс, ќе беше премногу и за фамозното Ол Стар трио на двократниот шампион.
 
Мајами изедначи на 1:1 и го надигра противникот со +11 поени и тимски шут 60,4% додека Леброн беше на паркетот. Мајами има 15:1 во постсезоната, кога Џејмс постигнува најмалку 30 поени и најмалку 10 скокови, воедно е во серија од 13 постсезонски победи веднаш по загубен натпревар.
 
Во финалето што почнува со идентичниот расплет како и минатата сезона, Тим Данкан постигна 18 поени со 15 скокови и се изедначи со Меџик Џонсон на врвот на вечната листа со постсезонски дабл-дабл учиноци, двајцата имаат по 157.
 
Финалето се игра до 4 победи, следните 2 натпревари се на теренот на Мајами, а потоа до можните седум, се игра најизменично (формат 2/2/1/1/1). Хит ги освојуваа титулите претходните две сезони, минатата Спарс прв пат загубија финале во 5 обиди.