ПАРТИИ

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не е портпарол за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата

17.01.2024 09:51

Кога Ковачевски изјавува дека имало вработувања до трето колено во М-НАВ, очигледно мисли, на неговиот партиски колега и министер Љупчо Николовски, каде е вработен неговиот внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му.

„Не сум портпарол на функционерите, чии роднини се вработени во МНАВ“, вели Ковачевски. Точно, Ковачевски не е портпарол на владата за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат, неговото „не сум портпарол“, е новото „прашајте ја институцијата“ секогаш кога Ковачевски нема одговори. Кога Ковачевски изјавува дека имало вработувања до трето колено во М-НАВ, очигледно мисли, на неговиот партиски колега и министер Љупчо Николовски, каде е вработен неговиот внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му.

Понатаму, не заостануваат ни од ДУИ, во партиските и роднински вработувања, па така: Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби ја вработил снаата, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – си го вработил внукот.

Јавноста памети дека од 2018, континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.