ПАРТИИ
СДСМ: Мицкоски и Милошоски се дел од стотиците примери во ДПМНЕ за непотизам
17.01.2024 09:56
Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ, а токму во ЕЛЕМ- турс беше вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски, соопштуваат од СДСМ. Милошоски цела фамилија ја вдоми со ДПМНЕ.

Мицкоски и Милошоски се дел од стотици примери во ДПМНЕ за непотизам. Мицкоски е вработен на Факултет кај својот татко, прво како асистент.
Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ, а токму во ЕЛЕМ- турс беше вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски, соопштуваат од СДСМ. Милошоски цела фамилија ја вдоми со ДПМНЕ.
ДПМНЕ, која има долгогодишно искуство во узурпирање и партизација на институциите, е симбол за непотизам, стои во соопштението од СДСМ.
