М-НАВ

Денеска седница на Надзорниот одбор на М-НАВ

17.01.2024 11:08

На седницата се очекува да бидат разрешени претседателот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна навигација Фахрудин Хамиди, како и на членот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна техника Љубе Стаменковски. На нивно место, според препораката на Владата од минатата недела, се очекува да бидат назначени Хекуран Асани и Милан Кораќ.

За денеска закажана седница на Надзорниот одбор на Македонската навигација на која се очекува да биде донесена одлука за разрешување на двајца од тројцата директори на М-НАВ, согласно владината препорака за нивна смена.

На седницата се очекува да бидат разрешени претседателот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна навигација Фахрудин Хамиди, како и на членот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна техника Љубе Стаменковски. На нивно место, според препораката на Владата од минатата недела, се очекува да бидат назначени Хекуран Асани и Милан Кораќ.

По именувањето на новите директори, како што објаснуваат од М-НАВ, следува потпишување на записникот од седницата и доставување на потребната документација до Централен регистар, од каде се добива решение. Заокружувањето на сите процедури се очекува да се финализира следната недела.

Претседател на Надзорниот одбор на М-НАВ е Кристијан Михајлоски, а членови Едмонд Калики и Димитар Џеков.