Тенис

Некои работи едноставно не се менуваат

09.06.2014 09:43

Финале за восхит, финале за пример што значи врвен тенис, финале за престиж, финале за се што оди со суперлативи, Рафаел Надал-Новак Ѓоковиќ...

Тенис, Ролан Гарос, земјена подлога, Рафаел Надал и така 8 години со ред, севкупно 9, од 10. Буквално според превласта, оди епитететот, крал. 
 
Финале за восхит, финале за пример што значи врвен тенис, финале за престиж, финале за се што оди со суперлативи, Рафаел Надал-Новак Ѓоковиќ. Можеби единствените двајца тенисери кои во моментов можат да понудат се што бара овој спорт, од убавина, до знаење, карактер. Не дека беше подобар толку Надал од Ѓоковиќ, ама едноставно така е во Париз, така е на црвеницата, така е на Ролан Гарос. 
 
4 сета тенис за уживање, надмудрување, нервоза, болка и докажување. Полни очи солзи и црвена прашина остава белег на проглсувањето, којзне колку изголтана црвеница собрана во душата. ”Ќе се враќам во Париз се додека не го освојам“.
Гласи пораката на Ноле по поразот кој малку недостасуваше да го сврти на триумф, на грен слем турнирот кој му недостасува. 
 
Надал е единствениот кој на отвореното француско првенство има 5 врзани освојувања, а останува запишан и како тенисер кој во изминативе 10 години нема ниту една мината, без да освои барем еден од 4-те грен слема.    
 
Изминтите 15 дена не само што беше битка за парискиот трон, беше најмногу за светскиот.  Прашина на ”Филип Шатрие“ можеше да биде пресвртница во АТП поредокот, но собраните 1500 нови бода, Рафа го оставаат и натаму лидер. Новак останува да му дише во врат во очи на турнирот со вистински кралски предзнак, неговото Величество Вимблдон. 
 
Она што е ќар по Париз за обајцата е и онака дебелото банковно конто набилдано уште за некоја зелена банкнота, Новаковото за 865 000 долари, Надаловото за 1 500 00.