165 хектари државно земјоделско земјиште ставени на продажба

09.06.2014 09:57

Предложени за продажба се 165 хектари во државна сопственост. Доколку има побарувачка за нив, земјоделските површини ќе се понудат на заитересираните купувачи...

Само 165 хектари од вкупно 210 илјади, државно земјоделско земјиште, годинава се нудат за продажба.

Парцелите се во 20 општини и се големи од неколку декари до 13 хектари.

Заинтересираните земјоделци прво треба да испратат иницијатива за купување, по што ќе следи оглас за собирање на понудите.

Нивите ќе се продаваат со електронско јавно наддавање.

Максимум земјиште што може да купи на едно физичко или правно лице е 20 проценти од вкупната површина што се продава годинава.

Јавниот увид за локацијата на парцелите трае 90 дена.

 

Методија Трајков