Култура

Прв концерт на Националниот џез оркестар на 23-ти јануари

17.01.2024 12:43

Како што соопштија од Националниот џез оркестар, овој концерт ќе претставува еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации, и со него свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот...

Националниот џез оркестар својот прв концерт ќе го одржи на 23-ти јануари, во просториите на Националната опера и балет.

Како што соопштија од Националниот џез оркестар, овој концерт ќе претставува еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации, и со него свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот.

За месеците кои следат, новата национална установа подготвува внимателно избран репертоар кој ги следи актуелните трендови во џез музиката, но вклучува и изведби на џез класици од домашната, регионалната и светската џез сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња. Билетите може да се набават онлајн, се вели во соопштението.