Судски совет расправа за разрешувањето на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми
Судскиот совет треба да одлучува дали претседателката на Врховниот суд Адеми ќе продолжи да ја извршува оваа функција. Точката на дневен ред следува по иницијативата на членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа...

Сè уште трае седницата на Судски совет на која се расправа за разрешувањето на претседателката на Врховен суд Беса Адеми. Откако претходно не помина барањето на членот на Судскиот совет Тања Чачарова-Илиевска да се доработи извештајот за констатирана состојба и да се одложи расправата.
Претседателката Дамева побара веднаш да продолжи седницата, но дел од членовите на Советот излегоа од салата, па беше принудена да даде пауза. Пред почетокот на разгледувањето на оваа точка од дневниот ред подносителот на барањето за разрешување Мустафа ја напушти седницата.
На седницата не присуствуваше ниту претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.
