мвр

Приведен крадец во Штип, фатен на дело

17.01.2024 14:06

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода С.Д.(32) од Штип. Околу 12.30 часот тој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ од помошна просторија на куќа на ул. „Железничка“ во Штип од каде одзел предмети. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.