Охрид

Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2024“

17.01.2024 14:11

На дванаесеттата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2024“, преку 40 трудови од 11 земји во светот, се промовира „меката моќ“ што ја нуди развојот на животната средина, туризмот и негувањето и промоцијата на културното наследство кое ги зближува народите. По Битола, утре конференцијата продолжува во Охрид.

Ако актуелните воени дејствија во светот ни ја доловуваат „тешката моќ“, ние на оваа Меѓународна научна конференција ја промовираме „меката моќ“. Онаа која дава развој и прогрес ги решава виталните проблеми на луѓето, но и го поттикнува развојот на туризмот и богатото културно наследство на земјите. Неслучајно беше прифатено и од странските колеги дискусијата на оваа тема да започне од Битола, вели организаторот.

Конференцијата ќе понуди 40-на научни трудови од 11 земји. Професорот од атинскиот универзитет, со својот научен труд ги поткрепа тезите дека „меката моќ“ е таа која ги зближува народите.

Во рамките на манифестацијата ќе биде промовирана и 11-та книга од досегашните конференции. Инаку отворањето на меѓународниот настан преку видео - врска го поздрави и заменик претседателот на владата, Бојан Маричик.

 

Стевче Митревски