Судски совет

Судски совет ја запре постапката за утврдување одговорност на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми

17.01.2024 15:01

Судскиот совет одлучи претседателката на Врховниот суд Адеми да продолжи да ја извршува оваа функција. Точката на дневен ред следуваше по иницијативата на членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа. На седницата не присуствуваше ниту претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми …

Со 7 гласови за и 4 против Судски совет ја запре постапката за утврдување одговорност на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми. Откако не помина барањето на Тања Чачарова-Илиевска да се доработи извештајот и да се одложи расправата, членовите на Советот поединечно ги образложуваа своите ставови. Дел ги укорија колегите зошто не им помагаат на судиите кога имаат политички притисоци и повикаа Советот да ги охрабрува, други, пак, ваквите ставови ги оценија како ретерирање.

Пред почетокот на разгледувањето на оваа точка од дневниот ред подносителот на барањето Мустафа ја напушти седницата. Не присуствуваше ниту претседателката на Врховен, Адеми. Додека траеше седницата евроамбасадорот Гир изјави дека очекува да се постигне напредок во функционирањето на Судски совет и членовите да ги почитуваат препораките од оценската мисија.

Постапката против Адеми беше иницирана откако таа јавно изјави дека се изложени на притисоци.

 

Фиљана Кока