Тачи победи на изборите во Косово
09.06.2014 10:43
Според Централната изборна комисија, по пребројани околу 90% од избирачките ливчиња, Тачи со својата ДПК освоил околу 31 процент од гласовите, а неговиот досегашен коалиционен партнер, партијата АКР на Беџет Пацоли, околу 4,7 проценти...

Косовскиот премиер Хашим Тачи победи на предвремените парламентарни избори на Косово, но политичкото милје во земјата стана непрегледно.
Според Централната изборна комисија, по пребројани околу 90% од избирачките ливчиња, Тачи со својата ДПК освоил околу 31 процент од гласовите, а неговиот досегашен коалиционен партнер, партијата АКР на Беџет Пацоли, околу 4,7 проценти.
Тачи изјави дека победници на изборите се државата, граѓаните и демократијата.
Според косовската претседателка Атифете Јахјага, изборниот процес бил правичен и мирен. На предвремените избори на Косово се гласаше за 120 пратеници во парламентот, а право на глас имаа 1,78 милиони граѓани.
