мвр

180 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

18.01.2024 08:14

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои 37 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за возење без возачка дозвола, 13 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.