Временска прогноза
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
18.01.2024 08:20
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Максималната температура ќе достигне 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
