Седница ќе одржи Комисијата за здравство
На дневен ред на оваа седница се две точки – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, и двата по скратена постапка.

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за здравство.
На дневен ред на оваа седница се две точки – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, и двата по скратена постапка.
Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита предложен од група пратеници се предлагаат неколку измени од областа на стоматолошката здравствената заштита и фармацевтската дејност која се врши во аптеките како посебни видови на здравствени установи, а произлегуваат како резултат на констатираните проблеми при практичната примена на Законот. Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност предложен од група пратеници содржи 10 членови, со кои се очекува да се обезбеди посоодветно уредување на областа на управување со радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори.
