Денеска ќе биде реактивиран Лекторатот по македонски јазик во Тирана
На универзитетот во Тирана повеќе години македонистиката воопшто не се изучуваше и покрај големиот интерес, посочуваат од македонското друштво „Илинден“.

На универзитетот во Тирана денеска ќе биде реактивиран Лекторатот по македонски јазик. Студентите што студираат филологија ќе можат да го изучуваат и мајчиниот јазик.
На универзитетот во Тирана повеќе години македонистиката воопшто не се изучуваше и покрај големиот интерес, посочуваат од македонското друштво „Илинден“.
Со работата на лекторатот би се отвориле перспективи за заеднички научно-истражувачки проекти, но и за нови активности во областа на културата кои ќе овозможат поврзување меѓу двата народа. Неодамна со работа почнаа Катедрата и Лекторатот по македонски јазик на универзитетот во Анкара, а во тек се активности за отворање и во Пекинг.
