Крвав напад на најголемиот аеродром во Карачи
09.06.2014 10:47
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците...

13 луѓе загинаа во напад на меѓународниот аеродром во Карачи. Полицијата ги ликвидираше напаѓачите кои ја извршија операцијата во период кога владата на Наваз Шариф се обидува да почне преговори со исламистичкото движење на Талибанците за завршување на конфликотот.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Нападот врз најголемиот аеродром во земјата, како што се вели, бил одмаздничка акција за воздушните напади врз селата на авганистанската граница, во кои гинат недолжни луѓе.
