Казнети 196 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи, информираат од МВР.
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.
МВР со апел до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
