Почнува главната рунда на Европското ракометно првенство
17.01.2024 12:36
Од првата групна фаза по два бода пренесоа Данска, Шведска и Словенија, додека Холандија, Норвешка и Португалија, главната рунда ќе ја почнат без бодови.

Денес почнува Главната рунда на Европското ракометно првенство кое што се одржува во Германија.
Од првата групна фаза по два бода пренесоа Данска, Шведска и Словенија, додека Холандија, Норвешка и Португалија, главната рунда ќе ја почнат без бодови.
Денешните натпревари се од Групата- 2:
Норвешка – Португалија (почеток 15:30 часот)
Данска – Холандија (18 часот)
Словенија – Шведска (20:30 часот)
Групата – 1 ја сочинуваат:
Унгарија и Франција (од прелиминарната рунда пренесоа по 2 бода),
Австрија и Хрватска (пренесоа по 1 бод),
Германија и Исланд (не пренесоа бодови).