Ѓоковиќ: Не сум ни блиску до моето препознатливо ниво на игра
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше тешки први две кола на Австралија опен...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше тешки први две кола на Австралија опен. Загуби по сет од Дино Прижмиќ и Алексеј Попирин, а на прашањето дали причината е болеста или зглобот, тој имаше подготвен одговор.
Од двете по малку. Не сум баш во идеална состојба, тоа влијае на интензитетот на мојата игра, а донекаде и на мојата мотивација. Се обидувам да го најдам вистинското јас, и покрај сите тешкотии – здравствени, технички, играчки. Така е сега, и далеку од тоа да се жалам, тоа се околностите во кои се наоѓам. Ги прифаќам и се трудам да го извлечам најдоброто од мене. Апсолутно можев да играм подобро, во моментов не сум ни блиску до моето препознатливо ниво на игра - барем овде на Австралија опен, изјави Ѓоковиќ.
