Данска и Шведска го направија првиот чекор кон полуфиналето на ЕП во ракомет

18.01.2024 12:47

Двете селекции вчеравечер забележаа победи во првото коло од Главната рунда и се зацврстија на првите две позиции во Групата – 2.

Репрезентацијата на Данска и на Шведска направија голем исчекор кон полуфиналето на Европското ракометно првенство што се одржува во Германија. Двете селекции вчеравечер забележаа победи во првото коло од Главната рунда и се зацврстија на првите две позиции во Групата – 2.

Резултати на натпреварите од 1. коло во Главната рунда во втората група:

Норвешка – Португалија 32:37

Данска – Холандија 39:27

Словенија – Шведска 22:28.

Табела: Данска 4 бода, Шведска 4, Португалија 2, Словенија 2, Норвешка 0, Холандија 0.

Денес на ЕП ќе почне Главната рунда во Група – 1. Двојките се:

Унгарија – Австрија

Франција – Хрватска

Германија – Исланд.

 

Извор/ Фото: МИА