Град Скопје

Општина Ѓорче Петров: Никогаш не одлагаме отпад нелегално

18.01.2024 13:23

Катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, нема да ги покрие со политички мотивирани прес-конференции, стои во реакцијата на општината...

Локалната самоуправа никогаш не депонирала отпад нелегално на посочената локација, ниту создавала диви депонии. Напротив општината го чисти таквото ѓубре- реагираат од Општината Ѓорче Петров во обвинувањата на градоначалничката Арсовска дека во општината има приватна депонија која ги труе скопјани.

„За тоа дека ја говориме вистината, градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на ЈП Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму одлагале кабаст отпад. Големиот помпезен случај на Арсовска, се решава за 5 минути и еден телефонски разговор со нејзиниот директор на ова јавно претпријатие“, велат од локалната самоуправа.

Катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини, нема да ги покрие со политички мотивирани прес-конференции, стои во реакцијата на општината.