Украдена круната за венчавки во црквата во Глобочица
09.06.2014 11:24
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кражбата била извршена во периодот помеѓу први и шести овој месец...

Во периодот помеѓу први и шестти јуни, непознат сторител ја ограбил црквата „Свети Антониј“ во струшкото село Глобочица при што одзел една месингана круна за венчавки и две илјади денари, соопштуваат од СВР Охрид.
Непознатиот сторител, преку прозорец влегол во внатрешноста на црквата. Тој го скршил прозорецот од источната страна на црквата и со употреба на подесен алат и физичка сила успеал да го отвори. Веднаш започнал со пребарување во внатрешноста на црквата по што противправно ги одзел парите во различни апоени и месинганата круна, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Полициската станица од Струга, по увидот што го извршила на лице место презема мерки за пронаоѓање на сторителот на тешката кражба.
