Политика

Петровска: Нема опасност од одлевање гласови

18.01.2024 14:08

Министерката за одбрана Петровска вели дека формирањето на нови партии е дел од демократскиот амбиент во земјата.

Владејачка СДСМ не стравува дека е можно напуштање на дел од коалициските партнери пред изборите. Министерката за одбрана Петровска вели дека формирањето на нови партии е дел од демократскиот амбиент во земјата.

„Во поглед на тоа дали СДСМ стравува од одлив на гласови од која било политичка партија мислам дека во периодот кој претстои, особено во изборната кампања и за претседателските и за парламентарните избори имаме доволно простор да соопштиме и уште еднаш да потсетиме што сè изминатиов период беше направено, она што е интересно, она што е важно за граѓаните. Меѓутоа, исто така, уште поважно е да понудиме концепт, да понудиме програма за тоа како ќе настапиме и на изборите, како и што ќе правиме и во идната влада“, рече Петровска на новинарско прашање дали СДСМ стравува од губење гласови по најавата од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска веднаш по нејзиното претставување за нов претседател на Нова Алтернатива, за отцепување од коалицијата на СДСМ.

Присуството на Генералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ на вчерашната конвенција на „Нова алтернатива“ не значи соработка, вели Петровска.

Арсовска, пак, директно не одговори дали ќе коалицира со СДСМ.