ТАЈВАН

Тајван регистрирал 24 кинески воени авиони околу островот

18.01.2024 14:08

Акциите на Пекинг следат по претседателските и парламентарните избори изминатата недела на Тајван...

Тајван регистрирал 24 кинески воени авиони и пет бродови околу островот во рок од 24 часа.11 летала ја преминале неофицијалната линија. Акциите на Пекинг следат по претседателските и парламентарните избори изминатата недела на Тајван.

Тајванската влада ги отфрла кинеските тврдења за суверенитет, додека кинеската ги осудува изјавите што даваат легитимитет на владата на островот.