Пакистан
Пакистан нападна цели во југоисточен Иран
18.01.2024 14:09
Пакистан нападна цели во југоисточен Иран, во близина на Оманскиот Залив, два дена по иранското бомбардирање бази на милитанти...

Пакистан нападна цели во југоисточен Иран, во близина на Оманскиот Залив, два дена по иранското бомбардирање бази на милитанти поврзани со Израел на пакистанска територија. Има и жртви.
„Оваа акција е манифестација на решителноста на Пакистан, да ја одбрани својата национална безбедност од сите закани“, изјави Мумтаз Захра Балоч, портпарол на МНР на Пакистан.
Во Исламабад протести против иранските напади. Светот со осуда за нападите, повикува на смиреност.
