Германија

Поради снежното невреме во Германија откажани летови

18.01.2024 14:12

Стотици патници останаа заглавени на патиштата во централната германска покраина Хесен...

Стотици патници останаа заглавени на патиштата во централната германска покраина Хесен, поради снежните врнежи.

„Ова не е лошо. Ако слушате вести или читате весник ќе слушнете дека има многу полоши работи. Овде е навистина подносливо“, изјави патник.

Во соседна Франција, останува на сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат. Снегот предизвика проблеми во сообраќајот во Данска, Норвешка и Велика Британија.