Македонија

Арсовска обвини за приватна депонија во Ѓорче Петров, општината негира

18.01.2024 14:22

Градоначалничката Арсовска информираше дека инспекторите за животна средина на Град Скопје во соработка со полицијата откриле дива депонија во која се одлагал канцероген отпад и спречиле екоцид. Никогаш не сме депонирале отпад нелегално на посочената локација – одговори општината...

Опасен отпад се истурал на приватна депонија во Ѓорче Петров, тврди градоначалничката Арсовска. Таа информираше дека инспекторите за животна средина на Град Скопје во соработка со полицијата спречиле екоцид, кога откриле дива депонија во која се одлагал канцероген отпад. Сторителите пред 20 сведоци биле затекнати во извршување на кривичното дело.

Никогаш не сме депонирале отпад нелегално на посочената локација – одговори општината.

„За тоа дека ја говориме вистината, градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на ЈП Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму одлагале кабаст отпад“, стои во соопштението.

Општината ја обвини Арсовска дека наместо да ги решава проблемите, раскажува ловечки приказни.

 

Игор Панов