Македонија

Лога-Дамева: Институционалната соработка ќе се интензивира

18.01.2024 14:36

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претседателката на Судски совет, Весна Дамева на која се дискутираше за актуелните случувања во двете институции. Одлуката на Управниот суд со која Дамева се врати на претседателското место влева надеж за враќање на довербата во институциите, како и неопходноста од законито и одговорно работење...

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претседателката на Судски совет, Весна Дамева на која се дискутираше за актуелните случувања во двете институции.

Одлуката на Управниот суд со која Дамева се врати на претседателското место влева надеж за враќање на довербата во институциите, како и неопходноста од законито и одговорно работење.

Министерот Лога ја поздрави одлуката на мнозинството членови на Судски совет за запирање на постапката за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Поздравени беа и постапките на двајцата поранешни членови на Судски совет, врховната судијка Мирјана Радевска Стефкова и апелациониот судија, Зоран Герасимовски кои си поднесоа оставки поради одлуката за незаконско разрешување на Дамева од претседателската функција.

На средбата се разговараше за Стратегијата за развој на правосудниот систем (2024-2028) и мерките кои се предвидени со неа за реформите во изборот, одговорноста и разрешувањето на претседател и членови на Судски совет. Стратегијата во целост е усогласена со препораките на Оценската мисија за што претседателката на советот, Дамева изрази подготвеност тие да се имплементираат.

Министерот Лога информираше дека во текот на наредната недела од страна на Работната група ќе биде подготвена драфт верзијата за законските измени за Судски совет. Од Судскиот совет беше побарано сите предмети и дописи на Министерството за правда кои беа испратени до нив да се разгледаат во најкус можен рок.

Институционалната соработка на Министерството за правда и Судскиот совет ќе се интензивира и во наредниот период преку заемна соработка и проекти со цел да се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.