Економија
Се очекува ново зголемување на минималната плата
18.01.2024 14:38
За месец и половина се зголемува минималната плата. Најниската која фирмите ќе мора да ја исплатат ќе биде 22.500 денари.

За помалку од 100 дена сè очекува ново зголемување на минималната плата, која ќе изнесува 22.500 денари. За компаниите ова ќе биде нов удар, поради големите давачки, вели за МТВ првиот човек на Бизнис-конфедерацијата на Македонија. Според Миле Бошков, проблем ќе биде исплатата кај малите и средни претпријатија.
Од Владата се надеваат дека растот на минималецот ќе ги зголеми и другите плати.
Според Управата за јавни приходи, околу 20.000 вработени не добиле плата за ноември.
Минималната плата сега изнесува 20.175 денари, од март оваа година нема да биде пониска од 22.500.
Борис Грујоски
