Ако до понеделник нема субвенции, скопјани ќе останат без градски превоз
Скопјани од понеделник можно е да останат без градски превоз, ако Советот на Град Скопје не одржи итна седница за да ги изгласа субвенциите за годинава. Законскиот рок за исплата на декемвриската плата е 15-ти декември, а редовната седница на Советот на град Скопје е закажана на 31-ви...

Скопјани од понеделник можно е да останат без градски превоз, ако Советот на Град Скопје не одржи итна седница за да ги изгласа субвенциите за годинава – оваа закана стигна од трите репрезентативни синдикати на Јавното сообраќајно претпријатие. Законскиот рок за исплата на декемвриската плата е 15-ти декември, а редовната седница на Советот на град Скопје е закажана на 31-ви. Од синдикатот велат дека седницата може да се одржи и во текот на викендот. Парите за таа намена веќе се определени во градскиот Буџет, само треба да се изгласаат.
Во понеделник, започнува второто полугодие. Трите синдикати на ЈСП можно е да се договорат да се пуштат во сообраќај одреден број автобуси за да се превезуваат учениците до училиштата.
Градоначалничката Данела Арсовска очекува одговорност од Советот на Град Скопје. Бидејќи, сите одлуки кои се однесуваат на редовно функционирање, поврзани со Буџетот, биле доставени до Советот.
Засега нема информација од Советот на Град Скопје дали во наредните денови ќе се одржи вонредна седница за субвенционирање на ЈСП.
Александра Спировска
