Еквадор
Убиен обвинителот што го истражуваше нападот на ТВ станицата во Еквадор
18.01.2024 19:05
Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда вчера бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил...

Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда вчера бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил.
Локалната полиција соопшти дека нападот е атентат и додаде дека тој бил застрелан повеќе пати.
Суарез го истражуваше минатонеделниот напад на телевизијата ТЦ, кога членови на банда упаднаа во студио за време на програма во живо и го држеа персоналот под закана со оружје.
Во врска со нападот се уапсени 13 лица, меѓу кои и двајца малолетници.
