Политика

Заев, Ковачевски и Ахмети се сретнале во Скопје

18.01.2024 20:45

Интересна средба се случила во текот на денов. Премиерот Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ разговарал со поранешниот премиер и некогашен предводник на социјалдемократите Заев и со првиот човек на ДУИ, Ахмети...

Интересна средба се случила во текот на денов. Премиерот Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ разговарал со поранешниот премиер и некогашен предводник на социјалдемократите Заев и со првиот човек на ДУИ, Ахмети. Тројката се сретнала во Скопје, а средбата траела околу 4 часа.

Според информациите, на неа било разговарано за европските перспективи, европскиот фронт и за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Состанокот доаѓа на неколку дена пред оставката на Ковачевски и формирањето на техничка влада, којашто ќе биде предводена од Талат Џафери.