Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

19.01.2024 08:58

Наутро во дел од котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец...

Наутро во дел од котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои постепено ќе преминат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.