Започнаа со работа игралиштата на песок на градските плажи во Скопје

09.06.2014 12:12

Спортските терени на плажите, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот...

Одбојкарските игралишта на песок при Градска плажа „Парк“ и „Камен мост“, и ракометно - фудбалското игралиште на песок, што функционира во рамки на Градската плажа „Парк“ од денеска се пуштени во функција.

Спортските терени на плажите, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.

Град Скопје информира дека сите заинтересирани граѓани, рекреативци, ученици, студенти, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на игралиштата покрај кејот на реката Вардар.

Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.