Албанија

Земјотрес утрово во Албанија

19.01.2024 10:08

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ...

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот се случил во 6 часот и 11 минути на длабочина од еден километар. Потресот е регистриран на 49 километри југоисточно од Тирана.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.