Русија

Активист за човекови права во Башкортостан е осуден на четири години затвор

19.01.2024 11:22

Поддржувачите на дисидентот на Руската република Башкортостан Фаил Алсинов, осуден на затвор од четири години, се судрија со полицијата во градот Уфа...

Поддржувачите на дисидентот на Руската република Башкортостан Фаил Алсинов, осуден на затвор од четири години, се судрија со полицијата во градот Уфа. Полицијата по собирот каде што се пееја народни песни почна да ги апси активистите. Алсинов е осуден поради поттикнување етничка омраза.

„Секој има уставно право. Петтиот член од Уставот е секој има право да го изрази мислењето. Не повикувам на оружен бунт. Мораме да го заштитиме од незаконските акти. Не смееме да бидеме глуви на ова што се случува“, изјави Рус за Башкортостан.